18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДиректор од Google открива што е најважно на разговорот за работа

Директор од Google открива што е најважно на разговорот за работа

Кога станува збор за разговорот за работа, главно се потпираме на советите од истражувањата, подготовките, знаењето, но и среќата. Меѓутоа, Петер Ропер, директорот за мобилна стратегија во Google, истакнува дека е најважно да се поврзете со потенцијалниот работодавец.

„Кои се вашите слабости? Каде се гледате за пет години?“, се прашањата на кои е најлесно да одговорите, но според Ропер, тие воопшто не се важни.

Наместо тоа, тој тврди дека поврзувањето со рабодавецот е значително поважно. Ропер преферира прашања како што се најомилената боја, најлудата работа која сте ја направиле и работи кои се наоѓаат на листата со нешта кои сакате да ги направите.

Овие невообичаени теми на разговорот за работа ги охрабруваат луѓето да ги споделат своите страсти и желби, што разговорот го прави интересен.

„Работодавецот по разговорот ќе има прилика навистина да разбере каква е личноста, кои се нејзините страсти и што ја интересира. Нашите најпродуктивни работници се оние кои се среќни“, вели Ропер.

Значи, при наредниот разговор за работа неместо извежбаните одговори потрудете се работодавецот да ве запознае.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП