3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгијците плаќаат најмногу даноци во Европа

Белгијците плаќаат најмногу даноци во Европа

belgija

Белгијците секоја година до 8 август работат за да заработат пари за плаќање на даноци и други давачки кон државата, со што Белгија се најде на првото место на листата на земји-членки на ЕУ според големината на даночните оптоварувања.

Како што покажуваат резултатите од анкетата на бриселскиот Економски институт „Молинари“ и на Фонадцијата за европски студии, еден жител на Белгија за секое евро од платата што останува за него, на државата и плаќа даноци и давачки во износ од 1,52 евра.

Анкетата за тоа колку дена во годината еден работник работи за државта, а колку за себе, со која се опфатени сите земји-членки на ЕУ, покажува дека годинава во просек 45,06 отсто од работните денови Европејците ќе работат за плаќање на давачки. Лани тој процент изнесувал 44,11 отсто.

Од балканските земји, Романците за давачки кон државата работат до 1 јули, Грците до 17 јуни, Словенците до 7 јуни, Бугарите до 18 мај, а Кипарците до 14 март, што ги прави жители со најмали даночни оптоварувања во ЕУ. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП