27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција нема повеќе можност да прифаќа бегалци

Грција нема повеќе можност да прифаќа бегалци

Грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас изјави дека земјата успеа да прифати голем број бегалци и мигранти и повеќе не е во можност да прифаќа други, пишува во понеделникот ProtoThema.

“Грција веќе презеде врз себе огромен товар. Ние веќе прифативме 60 илјади бегалци. Во сооднос на бројката сега може да се споредиме со ситуацијата во Германија. Неодамна успеавме да го надминеме проблемот со сместувањето на бегалците кои се во континентална Грција и се справувивме со проблемот на островите “, изјави Музалас.

Тој ја исклучи можноста земјата да ги спроведе Даблинските прописи, според кои бегалците треба да бидат распоредени во првата држава на ЕУ, во која тие се наоѓаат.

“Во моментов ние го надминавме нашиот капацитет”, истакна министерот и додаде дека само 10 илјади мигранти беа дистрибуирани во другите земји од ЕУ.

“Ние не можеме да прифатиме дури и уште еден бегалец. Ги повикувам ЕУ да имаат здрав разум “, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП