3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас го критикува ММФ, Јункер без став

Ципрас го критикува ММФ, Јункер без став

Кредиторите од еврозоната и Грција би требало да постигнат договор на техничко ниво пред состанокот на министрите за финансии од еврозоната на 7-ми април.

„Идеално би било до 7-ми април, кога се одржува наредниот состанок на министрите за финансии на еврозоната, да имаме договор на ниво на тимови“, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, пренесува Ројтерс.

Одговарајќи на писмото на грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговата критика на сметка на барањето на ММФ за реформите на пазарот за труд во Грција, Јункер одби да заземе јасен став во врска со тоа спорно прашање.

„Што се однесува на мене, нема сомнеж дека социјалните текови на ЕУ важат за Грција како и за било која друга членка на Унијата“, вели Јункер.

Ципрас, во пресрет на самитот во Рим, напиша дека Грција ќе ја поддржи декларацјата по повод 60-тиот роденден на Европската унија, но и е потребна поддршка од блокот против барањата на ММФ во врска со реформите во работното законодавство.

Во писмото упатено до претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и претседателот на Европската комсија, Ципрас повика на јасен став за тоа дали декларацијата ќе важи и за Грција, бидејќи преговорите за клучната ревизија на пекетот финансиска помош повторно се закочија, пренеусва агенцијата Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП