12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија доби кредитен рејтинг „отпад“

Словенија доби кредитен рејтинг „отпад“

mudis

Бонитетната агенција „Мудис“ соопшти дека го намалила кредитниот рејтинг на Словенија на нивото „отпад“, со негативна прогноза, наведувајќи ги како причина состојбата на банкарскиот систем и влошувањето на состојбата на државните финансии.

Агенцијата предупреди дека на таа земја можеби ќе и треба и пакет финансиска помош од еврозоната.

Во соопштението на „Мудис“ се наведува дека кретидниот рејтинг на Словенија ќе биде намален за два степени на „Ба1“ од „Баа2“, со што е ставена во шпекулативна категорија, како и дека неизвесноста околу финансирањето на пазарот ја зголемува веројатноста дека ќе биде потребна помош однадвор.

– Најважната причина за намалувањето на рејтингот на Словенија е упорната криза на тамошниот банкарски систем и големата веројатност дека на таа држава ќе и биде потребна дополнителна помош и инјекција на капитал, истакна американската агенција.

Досега помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд добија Кипар, Грција, Ирска и Португалија, како и шпанските банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП