11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе бара референдум за продажба на солунскиот водовод

Се бара референдум за продажба на солунскиот водовод

Black fluid on the flag of Greece, falling euro, symbolic picture

Општинскиот совет на Солун побара граѓаните на референдум да се изјаснат за приватизацијата на градскиот водовод, додека четири компании подготвуваат понуди за тендерот што беше објавен за продажба на јавната компанија, јави дописникот на МИА од Атина.

Членовите на Советот на синоќешниот состанок истаканаа дека компаниите за вода се „општествен ресурс што не може да се продаде или пренесе“, додека во меѓувреме се очекува грчката Агенција за приватизација да објави кои четири понудувачи се јавиле на тендерот за приватизација на солунскиот водовод.

Продажбата на 51 процент од солунскиот водовод е дел од приватизацијата која грчаката Влада ја спроведува во согласност со договорот за меѓународна помош. Државата моментално поседува 74 проценти од водоводот.

Претседателот на Општинскиот совет Панајотис Аврамопулос изјави дека Виена е последен град кој распишал референдум за продажба на водоводот. Повикот за изјаснување на граѓаните го поддржал и градоначалникот на Солун Јанис Бутарис. Сепак, се уште не е јасно дали и каква е правната основа за ваков вид референдум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП