9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарин Ле Пен: За еврото ќе зборуваме на крај – по изборите...

Марин Ле Пен: За еврото ќе зборуваме на крај – по изборите во Германија

Лидерката на францускиот екстремно десничарски Национален фронт, Марин Ле Пен, која е кандидат за претседател на Франција, се обиде да ги смири гласачите кои се вознемирени од нејзините планови да ја изведе земјата од еврозоната, пренесе во неделата Ројтерс.

Според анкети по првиот круг од претседателските избори на 23 април, Ле Пен ќе стигне до вториот круг на 7 мај, но ќе биде поразена од центристичкиот кандидат Емануел Макрон.

Од една страна политиката на Национален фронт за излез од еврозоната привлекува гласачите, незадоволни од глобализацијата, но од друга страна тоа е пречка на патот кон власта во земја во која мнозинството е против враќање кон франци.

За “Паризиен”, таа рече дека разговорите за еврото ќе бидат на крајот на овие преговори, по парламентарните избори во Германија во септември.

“Треба тоа да се направи на еден рационален, добро подготвен начин, истакна таа за весникот. Не сакам хаос, истакна лидерката на Националниот фронт. Еврото ќе биде последниот чекор, бидејќи сакам да го почекам резултатот од изборите во Германија, кои се во текот на есента пред да има повторни преговори” , прецизира Ле Пен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП