ПочетнаЕКОНОМИЈАИран санкционираше 15 американски компании заради соработка со Израел

Иран санкционираше 15 американски компании заради соработка со Израел

Иран одлучи да санкционира 15 американски компании бидејќи му пружаат поддршка на Израел и „терористичките дела на тој режим“, објави во недела новинската агенција Ирна, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи.

Одлуката, која е симболична бидејќи овие компании не работат со Иран, донесена е по два дена откако САД воведоа санкции против 30 компании и поединци од десет земји, обвинувајќи ги дека соработувале со иранската програма за вооружување.

Според соопштението, „се забрануваат сите трансакции со тие компании, нивниот имот ќе биде запленет, а челниците нема да можат да добијат иранска виза“.

Одлуката е реакција на американските санкции воведени во февруари откако Иран тестираше проектил.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП