19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCветилките ќе бидат исклучени како симболичен гест за спас на планетата Земја

Cветилките ќе бидат исклучени како симболичен гест за спас на планетата Земја

Глобалната акција „Часот на планетата Земја“ ќе биде одбележан во сабота со повеќе манифестации низ цела Македонија.

Градот Скопје во периодот од 20:30 до 21:30 часот ќе се вклучи во глобалната акција „Часот на планетата Земја“ и ќе го исклучи осветлувањето на неколку објекти во центарот на градот.

Осветлувањето ќе биде исклучено на Плоштадот „Македонија“ со спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, Мостот „Око“ и Мостот на уметноста.

Во периодот од 20:30 до 21:30 часот поддржувачите на акцијата „Часот на планетата Земја“ низ светот ќе ги исклучат светилките и ќе испратат силна порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.

Оваа светска манифестација е поддржана од организацијата WWF и се спроведува во 170 држави низ светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП