Акцијата на Нова стоковна куќа АД Струмица во петок се најде на врвот со остварени 14.5 милиони денари или учество од над 49% во вкупниот промет кој изнесуваше 29.572.000,00 денари.
Најголем раст на вредноста од 1,13% со истргувани 1.131 акција по просечна цена од 76 денари забележа акцијата на Макстил АД Скопје.
Наспроти нив на листата на губитници се најдоа, во прв ред со најголем пад од (-5,11%) акција на Стопанска банка АД Битола, а по неа следеа акциите на Тиквеш со пад од (-2,97%) и Македонски телеком од (-2,39%).
Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад од 0,57%, и изнесуваше 2.264,05 индексни поени, додека пак индексот на обврзниците порасна за 0,19% и моментално изнесува 129,70 индексни поени