28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧесите изненадени од квалитетот на македонското вино

Чесите изненадени од квалитетот на македонското вино

Vinarija Stobi na saemot vo Praga (1)

„Појавувањето на Винарија Стоби на 16-тиот Меѓународен саем за гастрономија – Вино и Деликатеси во Прага е од големо значење за нас како млада Винарија, особено поради официјалната бројка на заинтересирани за саемот која оваа година достигна до 10 000 посетители“, изјави Јадранка Клариќ Кимовска, комерцијален директор на Винарија Стоби

Скопје, (02.05.2013) – Винарија Стоби се претстави на 16-тиот Меѓународен саем за гастрономија во Прага „Вино и Деликатеси“. На саемот беа претставени вината на Стоби, а посетителите покажаа вистинско изненадување од квалитетот на вината.

„Нашето учество на Саемот „Вино и Деликатеси“ иницирано од нашите дистрибутери во Чешка – Буџак Компани беше одлична можност за промоција и дегустација на нашите  вина. На Чешкиот пазар сме присутни од пред неколку месеци, а со присуството на саемот се надеваме дека ќе го зголемиме  интересот за нашите вина. Со ова излагање добиваме можност за проширување на нашата продажна мрежа како и можност за промоција на Стоби вината на еден добар и потенцијален пазар“- изјави Јадранка Клариќ Кимовска – комерцијален директор на винаријата Стоби.

Vinarija Stobi na saemot vo Praga (3)

На „Вино и Деликатеси“ најголем број од посетителите беа дистрибутери, претставници на најголемите маркети во Европа, сомелиери и дегустатори кои воедно беа изненадени од вкусот и квалитетот на вината од Винарија Стоби. Штандот беше посетен и од Амбасадорот на Македонија во Република Чешка, Г-дин Паскал Стојчески кој заедно со организаторите на саемот наздрави со нашите вина.

Покрај Винарија Стоби на саемот се претставија и винарии од Португалија, Полска, Бугарија, Австрија, Словенија, а најголем број винарии имаше од Република Чешка.

Vinarija Stobi na saemot vo Praga (2)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП