19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТеатрите за децата од СОС детско село Македонија

Театрите за децата од СОС детско село Македонија

По повод 27 март, Светскиот ден на театрите и оваа година, како и минатата, актерите ќе одиграат по една претстава во чест на децата од СОС Детско село Македонија, а приходите од претставите ќе бидат донација за нивното посреќно детство.

Oваа година, во акцијата „Театрите за децата од СОС Детско село Македонија“, театрите се вклучени со следниве претстави:

– НУЦК Јордан Х.К. Џинот- Велес, на 31.3.2017 година – петок со претставата „Ана Комнена“;

– Театар Комедија, на 29.3.2017 година – среда со претставата „Трудна приказна“;

– Турски театар на 29.3.2017 година – среда со претставата „Отело“. Поради големиот интерес овие билети за „Отело“ се веќе РАСПРОДАДЕНИ!

– Театар за деца и младинци, на 30.3.2017 година – четврток со претставата „Бајка за царот Нај“;

– Албански театар, на 30.3.2017 година – со претставата „Претстава која оди наопаку“;

– Драмски театар во месец април ќе одигра претстава за СОС Детско село Македонија, која дополнително ќе биде најавена.

– Македонскиот народен театар, на 1 април, со почеток во 21 часот, со претставата „Сомнително лице“.

Ова е веќе втора година како се спроведува оваа акција, за која се надеваме дека ќе стане традиција. Интересот е голем, а театрите безрезервно ја поддржуваат акцијата.

Така, оваа година, како осведочени пријатели на СОС Детско село Македонија, Македон-скиот народен театар, кои по повод својот 72 годишен јубилеј, на 1 април 2017 година, организираат роденденски театарски маратон, својата јубилејна 150 претстава, на „Сомнително лице“ која е дел од овој маратон ќе ја посвети на децата од СОС Детското село.Децата од СОС Детско село пак, ќе бидат гости на првата реприза на најновата премиера на МНТ „Авантурите на Аладин“ на 29 март 3017 година.

Турскиот театар веќе ја распродаде претставата, да ги распродадеме сите други претстави. Со тоа, ќе уживаме во театарот, но ќе им помогнеме и на децата од СОС Детско село Македонија, велат од организацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП