21 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi најавува конкурент на VW Up!

Audi најавува конкурент на VW Up!

palamudi

„Audi“ најверојатно работи на електрична верзија на автомобил кој на пазарот би се појавил во 2015-та година, а се очекува да биде конкурент на „Volkswagen Up!“

Новиот модел ќе има различен надворешен стајлинг и луксузно опремена внатрешност во која ќе се најде и модерен мултимедијален систем.

Батеријата би требало да овозможи респектабилен домет од 200 километри со едно полнење што е значително повеќе од „Up!“ кој со својата батерија може да помине околу 150 километри.

Моделот на „Audi“ исто така ќе биде многу поснажен од оној на „VW“ и се очекува да развива 114KS и 270 Nm вртежен момент. Модерниот електромотор би требало да овозможува забрзување до 100 km/h за 9.3 секунди и ќе развива крајна брзина од 150 km/h, што е сосема доволно за удобно градско и меѓуградско возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП