29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпадна невработеноста во Хрватска

Опадна невработеноста во Хрватска

Стапката на регистрираната невработеност во Хрватска во месец февруари опадна од 15,4 на 15,3 проценти, прв пат по четири месеци раст, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Во однос на февруари минатата година, стапката на невработеност опаднала за 2,5 проценти.

„Падот на стапката на невработеност на месечно ниво бил очекуван бидејќи, според претходно објавените податоци на Хрватскиот завод за вработување, на крјаот на февруари биле регистрирани 238,934 невработени, што е за 2,1 проценти или 5.200 лица помалку во однос на претходниот месец“, пренесуваат хрватските медиуми.

Во март може да се очекува дека стапката на невработеност ќе продолжи да опаѓа бидејќи денешните податоци на хрватскиот завод за вработување покажуваат дека без работа во моментов се 228.879 лица или околу 10.000 невработени помалку отколку на крајот на февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП