25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанскиот туризам профитира од туѓите невољи

Шпанскиот туризам профитира од туѓите невољи

Шпанскиот туристички сектор бележи рекорден број на гости. Според податоците на Државниот статистички институт INE (Industry Association Exceltur), оваа земја минатата година ја посетиле 75.600.000 туристи, што претставува зголемување од 10,3 проценти во однос на 2015 година.

Шпанија има корист од туѓите проблеми. Грчкиот туризам страда од големиот број на бегалци, проблемите во Турција ги кочат резервациите на гостите на турската ривиера, а во корист на Шпанците оди и продолжувањето на нестабилната ситуација во Тунис и Египет, известува Дер Стандард.

Позитивниот тренд на туристичките посети е продолжен и во јануари оваа година кога имало 3,9 милиони посетители, што е зголемување од 10,7 проценти.

За цела 2017 година, сепак, се очекува нешто помала стапка на раст на посетите поради порастот на цените на нафтата и слабиот економски раст во земјите од кои доаѓаат туристите.

Британските туристи и понатака се број еден. Во оваа година се очекува дека ќе дојдат 17.800.000.

„Повлекувањето на Британија од ЕУ нема ефект“, нагласија од (Industry Association Exceltur).

Со приход од 125 милијарди евра, туризмот е одговорен за 11,2 проценти од шпанскиот бруто домашен производ (БДП). Индустријата создаде повеќе од 80.000 нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП