19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите се побогати, сиромашните се посиромашни

Богатите се побогати, сиромашните се посиромашни

Богатите Германци стануваат се побогати, а сиромашните се посиромашни, покажаа претставените резултати од истражувањата на германската влада.

Во периодот меѓу 1995 и 2015 година, бруто заработката по час за речиси 40 проценти од работната сила со најниски примања е намалена за 4 до 7 проценти во реална смисла, додека сатницата на 60 проценти од оние со високи приходи скокнала во распон од 1,0 до 10 проценти во истиот период, покажаа резултатите од истражувањата во кои имаше увид агенцијата Ројтерс.

Бегалците, околу 890.000 кои пристигнале во Германија во 2015 година, исто така биле вклучени во извештајот, што, според оценките на германското Министерство за труд, влијаело на зголемувањето на стапката на сиромаштија.

Со извештајот е утврдено дека меѓу 15 и 21 процент од децата во Германија се соочени со ризик од пад во сиромаштија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП