29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАForbes ја објави листата на најбогати жени во светот

Forbes ја објави листата на најбогати жени во светот

Oд 2043 најбогати луѓе во светот според листата која ја состави „Forbes“, 227 се жени, а тоа е повеќе од 25 во однос на минатата година. Жените, кои сочинуваат 11 отсто од оваа листа и заедно имаат 852.8 милијарди долари, во голема мера своите пари ги добиле по наследен пат.

Втор пат по ред, Французинската Лилијан Бетенкур е најбогатата жена со 39.5 милијарди долари. Нејзиното богатство е за 3.4 милијарди долари повеќе во однос на лани. Бетенкур поседува една третина од добро познатата козметичка куќа „L’Oreal“ со своите деца. Нејзиниот татко Јуџин Шулер ја основаше компанијата во 1907-ма година, а почина во 1957-ма година.

Втора на оваа табела е Алис Волтон, која е „тешка“ 33.8 милијарди долари, што е повеќе за 1.5 милијарди долари од претходно. Таа е единствената ќерка на основачот на „Wall-Mart“, Сем Волтон, никогаш не учествувала во работата, но нормално наследила акции и дивиденди од „Wall-Mart“. Таа е една од четирите жени со презимето Волтон на листата, кои заедно се тешки 49.5 милијарди долари. Другите се: Кристи Волтон, вдовица на нејзиниот брат Јохан, и нејзините роднини, Ен Волтон Кроенке и Ненси Волтон Лори.

На листата топ 10 најбогати жени е група наследнички кои и не се толку познати на јавноста, а кои богатството го добиле од големи и познати брендови. Жаклин Марс е една од нив, која има богатство од 27 милијарди долари, а чиј дедо Френк Марс ја основаше компанијата „Mars“, најголемиот производител на слатки. Марија Франка Фисоло е вредна 25.2 милијарди долари, благодарејќи на нејзиниот свекор кој е заслужен за „Nutellа“, a нејзиниот последен маж Мишел Фереро, ја изгради империјата „Ferrero Group“, чии производи ни се многу добро познати – „Ferrero Rocher“, „Kinder Chocolate“ и „Tic Tac“. Во таа „група“ спаѓа и вдовицата на Стив Џобс, Лорен Пауел Џобс, која богатството од 20 милијарди долари го доби благодарејќи на акциите во „Apple“ и „Disney“.

Жената која имаше најдобра година е Џина Рајхарт. Нејзиното богатство забележа раст од 6.2 милијарди на 15 милијарди долари, што ја направи најбогатата личност во Западна Австралија, а 69-та во светот. Таа е ќерка на Ланг Ханкок, кој ја основаше компанијата „Hancock Prospecting“, која дистрибуира железна руда. Таа активно учевствуваше и во работата, и се наоѓа на чело на „Hancock Prospecting“, која од банкрот не само што ја доведе до стабилна позиција, туку веќе и ја прошири.koju je iz bankrota ne samo dovela do stabilne pozicije, već i proširila.

Вака изгледа листата на 10-те најбогати жени:

1. Лилијан Бетенкур 39,5 милијарди долари (L’Oreal);

2. Алис Волтон, 33,8 милијарди долари (Wal-Mart);

3. Жаклин Марс, 27 милијарди долари (Марс АД, чоколади);

4. Марија Франка Фисоло, 25,2 милијарди долари (Nutella, чоколадо);

5. Сузан Клатен, 20.4 милијарди долари (БМВ);

6. Лорен Пауел Џобс, 20 милијарди долари (Apрle, Дизни);

7. Џина Рајхарт, 15 милијарди долари (руда);

8. Авигеја Џонсон, 14,4 милијарди долари (управување со пари);

9. Ирис Фонтбона, 13,7 милијарди долари (руда);

10. Беате Хејситер, 13,6 милијарди долари (супермаркети).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП