20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Македонската берза најтргувана акцијата на Алкалоид

На Македонската берза најтргувана акцијата на Алкалоид

Апсолутно најголем поединечен промет во четврток направи акцијата на Алкалоид со истргувани 2.110 по просечна цена од 5.700 и остварен промет од 12 милиони денари што претставуваше 57,8 отсто од вкупниот промет кој изнесуваше солидни 20,7 милиони денари.

Според обемот на тргување следеа акциите на Комерцијална банка (3,4 милиони денари), Скопски пазар (1,9 милиони), обврзницата РМДЕН15 (0,8 милиони)…

Акцијата на РЖ Услуги порасна за 3,16% и беше лидер според растот на цената пред акцијата на Пекабеско (+2,61) и Македонски телеком (0,64%). Наспротивна страна се најдоа акциите на Македонија турист (-3,00%), Квасара Битола (-3,00%), обврзницата РМДЕН13 (-2,92%)…

Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад од 0,27%, и изнесуваше 2.277,06 индексни поени, додека индексот на обврзниците ОМБ ја намали вредноста за 0,35% и моментално изнесува 129,46 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП