5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада ги замени хартиените банкноти со полимерни

Канада ги замени хартиените банкноти со полимерни

zx450y250_2052801

Централната банка на Канада ги претстави новите полимерни банкноти со номинална вредност од 5 и 10 канадски долари.

На церемонијата која се одржа во седиштето на институцијата во Отава, учествуваше и министерот за финансии Џејмс Флахарти.

Според канадскиот гувернер, Марк Карни со влегувањето во оптек на банкноти во вредност од 5 и 10 долари во ноември оваа година програмата за замена на хартините пари со полимерни влегува во последниот фаза.

„Банкнотите од полимерен материјал се резултат од блиската интеракција помеѓу физичари, хемичари, инженери и други експерти”, истакна Гувернерот.

Новите парични знаци се карактеризираат со отпорност од абење и толерираат температури од плус 140 степени до минус 75 степени Целзиусови.

На банкотата од 5 долари е отпечатен портретот на поранешниот канадски премиер Вилфрид Лори (1841-1919 година) и слика на астронаут во отворен простор и канадскиот робот „декстран“ на Меѓународната вселенска станица.

Додека на 10 доларските банкноти се наоѓа портретот на поранешниот премиер Џон Мекдоналд (1815-1891 година) и слика на трансконтинеталнот канадски експрес воз, а во позадината има планини.

Полимер банкотата од 100 долари беше пуштена во оптек во ноември 2011-та година, а пак од 50 и 20 долари  во март и ноември минатата година.

Производство на полимерни парични банкноти е речиси два пати поскапо во однос на производството на хартиените пари, но се очекува полимери банкноти да бидат во оптек 4 пати подолго, што ќе даде можност за намалување на трошоците за 200 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП