26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКандидатите ги избраа 10-те најтешки прашања на разговорите за работа во 2017...

Кандидатите ги избраа 10-те најтешки прашања на разговорите за работа во 2017 година

Сајтот „Glassdoor“ го објави списокот со најтешките прашања на разговорот за работа, кои ги избрале токму кандидатите, и тоа во пеиродот од 16 јануари 2016 година до 15 јануари 2017 година.

1. Проценете колку голови ќе има во Премиер лигата – Позиција: Раководител, Vax.

2. Како се соочувате со лошите денови? – Позиција: Консултант, Switch Consulting.

3. Имате 50 црвени и 50 сини топчиња. Поделете ги како што сакате во два контејнери за да добиете минимум/максимум можности за мешање на боите. Позиција: Анализатор на операции, Clearwater Analytics.

4. Кое е вашето најголемо каење при управувањето со вработените досега? – Позицијата: Дирекрот на област, Regus.

5. Имате тројца луѓе, сите имаат различни плати, и сакаат да го откријат просекот на платата но да не зборуваат меѓусебно за висината на заработката. Како ќе го направат тоа? Позиција: Technical Delivery Graduate, BAE Systems Applied Intelligence.

6. Како ќе му опишете за „cloud computing“ на седумгодишник? Позиција: Graduate Scheme, Microsoft

7. Ако имате пријател кој бил одличен во својата работа и уште една личност која е добра, но пријателот ви донел 2.000 долари помалку, на кого би ја дале работата? Позиција: Консултант за вработување, Hays plc.

8. Како би ве опишале вашите непријатели? Позиција: Маркетинг продажба, Condé Nast.

9. Што во твојата биографија е најблиску до лага? Позиција: Маркетинг и комуникации, The Phoenix Partnership..

10. За што размислувам сега: Позиција: Регионален директор, TES Global.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП