22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Nike послаби од очекувањата

Приходите на Nike послаби од очекувањата

Најголемиот светски производител на спортска опрема, американскиот „Nike“, објави приходи послаби од очекувањата, што се должи на големата борба со главните конкуренти како „Adidas“ и „Under Armour“ на пазарите во Северна Америка.

Акциите на „Nike“ претрпеа голем пад на вчерашното тргување од 7 проценти, на 53,9 американски долари, за што најмногу придонесе информацијата за идните нарачки кои се под очекувањата на пазарите.

„Nike“ соопшти дека нарачките на сите пазари опаднале за 1 проценти, не сметајќи ги валутните ефекти, додека аналитичарите очекуваа скок од 3,5 проценти.

Продажбата на „Nike“ на најголемиот пазар, Северна Америка, порасна за 3 проценти во тримесечниот период кој е завршен на 28 февруари. Продажбата во Кина скокна за 9 проценти, што е прв пат во последните девет квартали реализацијата на овој пазар да не расте со двоцифрена стапка.

Бруто маргината на компанијата опадна за 140 базни поени на 44,5 проценти во текот на кварталот, како последица на силниот долар и зголемениот обем на дисконтна продажба.

Добивката по акција изнесувала 69 центи во однос на очекувањата на аналитичарите од 53 центи. Приходот пораснал за 5 проценти, на 8,43 милијарди американски долари во однос на очекувањата на аналитичарите од 8,47 милијарди американски долари.

Исклучувајќи ги ефектите на курсните разлики, продажбата во третиот квартал била поголема за 7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП