25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple се задолжува за да избегне данок

Apple се задолжува за да избегне данок

aplee

Според некои американски медиуми, за прв пат од 1996-та година „Apple“ има намера да се задолжи 17 милијарди долари со продажба на обврзници за да ги избегне големите даноци за пренесувањето на готовината од своите подружници надвор од САД.

На овој начин компанијата сака да собере повеќе од 100 милијарди долари кои има во план да им ги исплати на акционерите во наредните неколку години. Имено, иако „Apple“ има околу 145 милијарди долари готовина на своите сметки, повеќе од 100 милијарди се наоѓаат надвор од САД, па поради тоа поефтино им е да се задолжат, отколку да платат данок за парите кои треба да ги префрлат во САД.

Од „Apple“ неодамна објавија дека за 55 милијарди долари ќе ја зголемат дивидендата која треба да им ја дадат на акционерите и најавија дека дополнителни 50 милијарди ќе потрошат за купување на сопствените акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП