10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците бараат работници - дневница 150 евра

Германците бараат работници – дневница 150 евра

За берење аспарагус дневницата се движи и до 150 евра, меѓутоа ако сакате да се занимавате со оваа работа би било добро да знаете неколку важни факти за истата.

Оваа година оваа работа се плаќа минимално по 8,60 евра бруто по час, нешто повеќе отколку минатата година.

Меѓутоа, хрватските медиуми раскажуваа за цифри од 150 евра дневно. Оние кои имаат искуство со берењето на аспарагус, веднаш предупредија дека цифрата од 150 евра е „напумпана“. Берењето аспарагус за германските услови е многу слабо платена работа.

Додека не работите, ќе живеете и спиете во заеднички простории со други работници. Ќе имате и заедничко WC и тушеви. Сместувањето не е секаде еднакво, но едно за сите е заедничко – никаде не е луксузно.

Од платите се одбиваат трошоците кои работодавците ги имаат за вас – ручек (ако ви е обезбеден) и сместување. Исто така, од сатницата која ќе ви се плати се исклучува и паузата бидејќи таа во Германија – не се плаќа.

Работниот ден главно трае од 12 до 13 часа. Може да се земат една или две паузи од 15 минути за јадење, кои притоа се одбиваат од вкупните работни часови. Во исклучителни случаи, кога аспарагусот во потоплите денови расте побрзо, работа има многу, па се работи и по 20 часа. Од друга страна, ако паѓа дожд, може да се работи и по 4 до 5 часа. Работата е многу тешка, се работи и недели и празници, а бидејќи за берењето аспарагус потребно е постојано да се биде свиткани, работата е само за оние кои немаат проблеми со грбот.

Аспарагусот се бере главно меѓу април и јуни, во зависност од времето. Меѓутоа, бидејќи температурите во февруари беа благи и прилично високи, сезоната оваа година веќе започна.

Станува збор за работа која главно ја обавуваат работници кои не се од Германија, а познавањето на германскиот јазик не е приоритет, односно, не е предуслов за да можете да ја обавувате оваа рбаота.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП