10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците го чекаат април: Товарот не е само на Атина, туку и...

Грците го чекаат април: Товарот не е само на Атина, туку и на кредиторите

Грчките власти ги изразија очекувањата дека во април ќе постигнат договор со меѓународните кредитори.

Тие се надеваат и дека ќе ги надминат несогласувањата по повод реформирање на пазарот за труд, пензискиот систем и секторот за енергетика.

„Товарот за постигнувае на договорот не е само на грчката влада, туку и на кредиторите – Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд“, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос, а пренесува агенцијата Ројтерс.

„Наша цел е што е можно поскоро да постигнеме сеопфатен договор, ако е можно во април“, вели тој.

Тројцата грчки министри, меѓу кои и министерот за финансии, престојуваат оваа недела во Брисел во обид да го изработат нацрт договорот со кредиторите за реформите, чија имплементација ја бараат доверителите со цел да ја деблокираат исплатата на новата транша кредит за Атина.

ММФ допрва треба да донесе одлука за учеството во последниот пакет помош за Грција, во вредност од 86 милијарди евра, откако во повеќе наврати изрази загриженост по повод одржливоста на долгот на Атина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП