5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМикхелсон повторно е најбогат Русин во светот

Микхелсон повторно е најбогат Русин во светот

Косопственикот на рускиот производител на гас „Novatek“ и петрохемиската компанија „Sibur“, Леонид Микхелсон чие богатство е проценето на 18,4 милијарди долари, и оваа година е на највиосока позиција меѓу своите сонародници, според ранирањето на магазинот Forbes

На листата најбогати луѓе во светот осамнаа имињата на 2.043 милијардери, меѓу нив 96 се Руси, 19 повеќе од минатата година. Микхелсон се наоѓа на позиција 46, пренесуваат руските медиуми.

Второто место на „руската листа“ го зазема сопственикот на „Severstal“ Алексеј Мордашов со имот вреден 17,5 милијарди долари. На светската ранг листа Мордашов се наоѓа на 51-то место.

Третото место меѓу најбогатите руски бизнимсени му припадна на Владимир Лисин кој располага со имот вреден 16,1 милијарди долари, а на глобалната листа е 57-ми.

Првото место меѓу најбогатите во светот веќе четврта година по ред му припаѓа на Бил Гејст чиј имот е проценет на 86 милијарди долари. Следуваат сопственикот на инвестициската компанија „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет (75,6 милијарди долари) и основачот на Amazon Џеф Безос (72.8 милијарди дoлари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП