6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолјаците не го сакаат еврото: Подобро да си го сочуваме злотот

Полјаците не го сакаат еврото: Подобро да си го сочуваме злотот

Полска ќе ја задржи својата валута злот, изјави премиерката на оваа земја Беата Шидло, во пресрет на клучниот самит на Европската унија кој ќе се одржи овој викенд.

„За Полска покорисно е да ја сочува сопствената валута злот“, изјави Шидло, додавајќи дека Варшава нема план за приклучување на еврозоната, пренесува агенцијата Франс прес.

На претстојниот самит во Рим, лидерите на ЕУ би требало да разговараат за иднината на блокот по излезот на Велика Британија од ЕУ, а Германија и Франција порачуваат дека членките не еврозоната веројатно ќе продолжат со интеграцијата без други земји.

Полска, како најголема економија на централна Европа, е загрижена, како една од деветте земји на ЕУ кои се надвор од еврозоната, дека би можела да биде изоставена од понатамошна интеграција, оценува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП