7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо појасни етикети на електричните уреди ќе се подобрува енергетската ефикасност

Со појасни етикети на електричните уреди ќе се подобрува енергетската ефикасност

Етикетите на енергетските уреди ќе станат разбирливи за потрошувачите, што е дел од стратегијата на ЕУ за подобрување на енергетската ефикасност.

Уште еден чекор кон промената беше направена од страна на Советот на ЕУ со усвојувањето на промени во европското законодавство. Тие се поврзани со идејата за создавање на Енергетска заедница во заедницата, дополнуваат од Советот.

Откако ќе бидат прифатени новите правила, тоа ќе ги смени сегашните етикети на електричните уред во врска со енергетската потрошувачка. Скалата ќе биде од „A“ до „G“ што ќе ги смени сегашните класи „A +“, „А ++“, „А +++“ кои се збунувачки за корисниците.

Така ќе се зголеми енергетската ефикасност на европските домови во долгорочен аспект. Ќе има и иницијативи најмногу кај нискоефективните апарати да бидат отстранети од пазарот.

Проблемите во врска со обележувањето на електрични уреди беа дискутирани во 2016-та година на техничко ниво. Така беше постигнат договор меѓу институциите, а завршните потези се постигнати доцна вечерта на 21-ви март 2017-та година.

Следниот чекор е промената да биде усвоена за време на пленарната седница на Европскиот парламент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП