3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп одобри дополнителни 19,5 милијарди долари за истражување на Марс

Трамп одобри дополнителни 19,5 милијарди долари за истражување на Марс

Претседателот на САД Доналд Трамп во вторник го потпиша законот со кој истражувањето на Марс се дефинира како нова цел на Американската вселенска агенција (НАСА).

Новиот закон предвидува дополнителни 19,5 милијарди долари за финансирање на НАСА во оваа буџетска година, што ќе започне на 1 октомври.

Трамп неодамна до Конгресот испрати Предлог закон со кој за следната година се предвидуваат дополнителни 19,1 милијарди долари за вселенската агенција.

Американскиот претседател го потпиша законот во Овалниот кабинет во Белата куќа, опкружен со астронаути и спонзори на таа програма, меѓу кои беа сенаторите Тед Круз и Марко Рубио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП