7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБегалците во Германија попрво би работеле за мали пари, отколку да се...

Бегалците во Германија попрво би работеле за мали пари, отколку да се образуваат

Интеграцијата на бегалците на пазарот на трудот во Германија го отежнува трендот според кој тие попрво ќе се решат за едноставни и послабо платени работи, отколку за стручна обука, произлегува од студијата на Институтот на германската економија, објавена во вторник во Келн.

„Бегалците свесно се одлучуваат за поедноставни работи кои се послабо платени наместо стручна квалификација која отвора перспектива за подобро платени работни места“, рече Реџина Флаке, специјалист за прашања од образовен систем при Институтот.

Од студијата, која е направена за потребите на Министерството за економија, произлегува дека бегалците често не се свесни за предностите од образование во однос на поедноставните работи кои на почетокот носат повеќе пари отколку образованието.

Понатаму проблем е недостигот на свидетелства за досегашната стручна подготовка на бегалците, како и непознавањето на германскиот јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП