5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата се стабилизира близу нивото од 52 долари

Нафтата се стабилизира близу нивото од 52 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во вторник на меѓународните пазари близу нивото од 52 американски долара, балансирајќи меѓу очекувањата дека водечките производители ќе продолжат да го намалуваат производството и по истекот на договорениот рок и многу големите резерви.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 51,83 долари. Значителни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по цена од 48,43 долари

ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка од нејзината нафта во понеделник изнесувала 49,18 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП