27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија ќе добие финансиска помош од ЕБРД за поттикнување на приватниот сектор

Албанија ќе добие финансиска помош од ЕБРД за поттикнување на приватниот сектор

bankaalbanija

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе и додели финансиска помош за поттикнување на приватниот сектор на Албанија.

Со оваа помош ќе им се овозможи на фирмите во Албанија да ја зголемат својата конкурентност и да ги подобрат позициите на пазарот, се наведува во соопштението по одржаната средба во Вашингтон меѓу гувернерот на Албанската централна банка и заменик-шефот на ЕБРД.

За време на разговорите биле разгледани и можностите ЕБРД да го зголеми своето учество во албанската економија.

Од 1992 до јануари 2008 година ЕБРД и додели финансиска помош на Албанија во износ од 1,2 милијарди евра за реализација на 40 проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП