6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Трговските ограничувања во ЕУ ќе го забават растот на продуктивноста

ЕЦБ: Трговските ограничувања во ЕУ ќе го забават растот на продуктивноста

Трговските ограничувања во Европската унија ќе го забават растот на продуктивноста, тврди Европската централна банка (ЕЦБ), цитирана од „Bloomberg“.

Извозниците имаат тенденција да бидат меѓу оние кои најмногу произведуваат и големи компании во соодветните сектори, што значи дека шоковите кои влијаат на овие компании може да имаат агрегатни влијанија, се наведува во материјалот кој ќе биде објавен во економскиот билтен на „ЕЦБ“. Построгите регулативи ќе доведат до помалку ефикасна распределба на ресурсите, правејќи ги помалку конкурентни, а оттаму помалку продуктивни, се вели во материјалот.

Студијата на „ЕЦБ“ се потпира на докази дека неправилната распределба на ресурсите во Европа се засилува од почетокот на векот. Намалувањето на трговските бариери ќе генерираат посилна конкуренција на локалните пазари и подобра употреба на ресурсите, што ќе им овозможи на повеќето компании да ја одржуваат ефикасноста, потребна за учество во трговијата.

Студијата ги следи последните дискусии околу придобивките од глобализацијата, како протекционистичката администрација на претседателот на САД, Доналд Трамп и популистичките политичари во Европа кои вложуваат на посериозни трговски ограничувања во нивните политички програми, за да ги зајакнат локалните економии. Послабиот раст на продуктивноста во резултат на ваквите ограничувања може да ја осакати европската економија, која се бори да натрупа инерција, а се соочува со други предизвици поради постарото население.

Политиките кои го редуцираат трговските трошоци – на пример намалувањето на царинските давачки или таксите поврзани со трговијата, инфраструктурата и логистиката – ќе го прошири опсегот на активностите поврзани со извозот, и способноста на компаниите да се префрлаат помеѓу внатрешните и странските пазари, вели „ЕЦБ“. Мерките кои ја поддржуваат продуктивноста на компаниите, на пример стимулациите за студии и развој, ќе направат полесно навлегување на голем број компании на меѓународните пазари, додека олабавувањето на регулациите на производните и работните пазари ќе промовира подобра распределба на ресурсите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП