6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордна невработеност во еврозоната – 12,1 проценти

Рекордна невработеност во еврозоната – 12,1 проценти

nevrabotenost

Невработеноста во еврозоната достигна рекордно високо ниво. Во 17 земји кои го користат еврото, невработеноста во март изнесува 12,1 проценти, додека еден месец претходно таа изнесуваше 12 проценти, соопшти европската статистичка служба – Еуростат.

Еуростат наведе дека инфлацијата во април во еврозоната изнесувала 1,2 проценти на годишно ниво.

Грција и Шпанија имаат најголеми стапки на невработеност – 27,2 и 26,7 проценти, додека најниски стапки на невработеност имаат Австрија и Германија – 4,7 и 5,4 проценти.

Од 19,2 милиони невработени, 3,6 проценти се млади до 25 години. Процентуално најмногу невработени меѓу младите има во Грција и Шпанија – 59,1 и 55,9 проценти.

Економистите оценуваат дека разочарувачките податоци ги зголемуваат шансите Европската централна банка (ЕЦБ) да ја намали основната каматна стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП