17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција и Јапонија договорија соработка во областа на атомската енергија

Франција и Јапонија договорија соработка во областа на атомската енергија

Владите на Јапонија и Франција се договориja да развиваат соработка во областа на атомската енергија. Веста ја потврдија јапонскиот премиер Шинзо Абе и францускиот претседател Франсоа Оланд во понеделникот вечерта по нивната средба во Париз.

“Од големо значење е со нашиот договор и понатаму да ја развиваме соработката во областа на атомската енергија”, рече јапонскиот премиер.

Покрај тоа, двајцата лидери присутвуваа на церемонијата на потпишување на спогодбата, со која компаниите “Мицубиши хеви индустрис” и “Џапан Нјуклр Фјул” ќе стекнат по пет проценти од сопственоста врз фабриката за преработка на нуклеарно гориво, која ќе биде изградена од француската “Арева”.

Во рамките на европската турнеја, Шинзо Абе освен во Франција тој беше и во Германија, каде што се состана со канцеларот Ангела Меркел, а во наредните денови ќе ги посети и Италија и Белгија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП