3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА18 најскапи градови за живеење во Западна Европа

18 најскапи градови за живеење во Западна Европа

“The Economist Intelligence Unit” го објави својот годишен извештај за трошоци за живот, што ги одредува најскапите и најевтините градови во светот.

Во извештајот се земени факторите како трошоци за храна, трошоци за гориво и висина на плати.

Градовите се рангирани во компарација со градот Њујорк кој има 100 поени на индексот. Градовите кои имаат над 100 поени се поскапи градови, а тие што се под 100 поени се поевтини градови за живеење. Оваа мерка се нарекува WCOL(World Cost of Living).

Традиционално, европските градови беа најскапите за живеење, но во последните години, цената на живеење во азиските градови како Сингапур, Шангај и Хонг Конг многу се зголеми, и сега пет од топ шест се најскапи градови за живеење.

Сепак, европските градови и понатаму се скапи на глобално ниво.

Ова е листата на 18 најскапи градови за живеење во Западна Европа:

 

18.Брисел, Белгија-Главниот град на Белгија доби 81 поен на WCOL-индексот и е рангиран на 39-то место во светот.

17.Барселона, Шпанија– Со репутација како центар за туристи, Барселона често се гледа како евтина дестинација за одмор. Сепак, живеењето во градот е скапо.

16.Дизелдорф, Германија– Во најновото рангирање, Дизелдорф беше оценет како 6-ти најдобар град во светот според квалитетот на живеење. Така, со квалитетот доаѓаат и цените и градот е еден од најскапите во Европа.

15.Рим, Италија– Главниот град на Италија падна за едно место на светскотот рангирање, и е 35-ти најскап град во светот.

14.Минхен, Германија– Минхен е еден од најмоќните градови во Германија, што го прави и еден од најскапите за живеење.

13.Хамбург, Германија– Хамбург е втор по големина град во Германија и е дом на најголемото пристаниште, што го прави центар за трговија. Тоа помага за зголемување на трошоците за живот.

12.Милано, Италија– Финансискиот центар во Италија е поскап од главниот град, рангиран како 29-ти најскап град за живеење во светот.

11.Даблин, Ирска– Даблин е во центарот на вниманието откако Британија гласаше да ја напушти Европската Унија, со што голем број европски компании размислуваат да се преселат од Лондон во ирскиот град.

10.Лондон, Велика Британија– Лондон, главниот град на Велика Британија, падна за 18 места од 6-то на 24-то место во светот, што е најниско ниво во последните 20 години. Според извештајот, девалвацијата на британската фунта во 2016 година придонесе за пад во однос на трошоците за живот.

9.Франкфурт, Германија– Франкфурт е најголем финансиски центар во Германија, со голем број на богати луѓе кои живеат во градот. Тој е најскапиот град во Германија.

8.Виена, Австрија– Пад за три места во однос на минатата година, Австрија е 21-от најскап град во светот со освоени 91 поен на индексот на WCOL(World Cost of Living).

7.Рејкјавик, Исланд– Рејкјавик е дом само на 12.000 луѓе, што претставува една третина од целокупното население во Исланд. Како нација со многу малце природни ресурси, повеќете производи се од увоз, што придонесува да ги турка цените нагоре.

6.Хелсинки, Финска– Главниот град на Финска се качи едно место погоре на светската листа, со резултат од 92 поени на WCOL(World Cost of Living) индексот.

5.Осло, Норвешка– Главниот град на Норвешка има репутација на скап град. Тој доби 99 поени на WCOL(World Cost of Living) индексот и се качи за две места нагоре.

4.Копенхаген, Данска– Копенхаген има висока позиција на листата во голема мера поради високите цени на јавниот транспорт и трошоците за лична нега.

3.Париз, Франција– Францускиот главен град останува екстремно скап за живеење според извештајот.

2.Женева, Швајцарија– Вториот најскап град во Западна Европа е и вториот најскап град во Швајцарија. Сепак, во 2017 цените на многу производи паднаа. На пример лебот од 7,02 долари падна на 6,62 долари во просек.

1.Цирих, Швајцарија– Цирих останува најскап град во Европа за уште една година, иако трошоците за живот малку паднаа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП