10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој заработува најмногу во Швајцарија?

Кој заработува најмногу во Швајцарија?

Лекарите, официрите и учителите спаѓаат меѓу најплатените професии во Швајцарија.

Кантонот Цирих објави водич за платите, во кој се наведува дека главниот лекар во болниците во Цирих заработува 12.824 швајцарски франци месечно.

Следи јавниот обвинител со 10.400 франци, па војниот офицер со 8.141, професорите со 7.398, социјални работници со 6.246 и новинари со 5,551 франци.

Возачот на автобус добива 4.858, работникот во пошта 4.031, пекарот 4.051, а авто-механичарот 4.450 швајцарски франци.

Во Швајцарија често се исплаќа и 13-та плата.

Минимална плата нема, но колективните договори воспоставуваат минимални примања во некои подрачја како кетеринг и хотелиерството.

Платите се договараат во бруто износ, а нето износот обично е 13 до 20 проценти помал, наведуваат економските портали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП