3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАШведскиот филм ”Кругот” во среда и четврток во Кинотека

Шведскиот филм ”Кругот” во среда и четврток во Кинотека

Амбасадата на Шведска во Скопје, во соработка со Кинотека на Македонија, во среда и четврток од 20 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе го прикаже шведскиот филм ”Кругот”, кој се базира на шведската новела со ист наслов.

”Младите глумици , од кои повеќето се почетнички во централниот круг на вештерки, се фантастични, и уживање е на крајот да се видат шесте девојки кои се учеснички во филм кој стана блокбастер ”- Dagens Nyheter (дневни новини).

”Злото од друг свет се вгнездува во еден мал град од Шведска. Една ноќ кога месечината поцрвенува на небото, шест тинејџерки ќе се најдат во напуштен парк, привлечени таму од мистериозни сили. Заедно тие мораат да ги надминат меѓусебните разлики со цел да се спасат себеси и светот околу нив. Филмот е раскажан со неодолива мешавина помеѓу секојдневниот живот на тинејџерите и величествената магична битка помеѓу доброто и силите на злото.”

Режија : Леван Акин
Автор: Леван Акин (сценарио), Сара Бергмарк (сценарио и новела) и Матс Страндберг (новела).
Време на траење: 144 минути
Година на објавување: 2015

Влезот е слободен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП