4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен е бројот на работниците во индустријата

Зголемен е бројот на работниците во индустријата

industrija

Бројот на работници во индустријата во март годинава во однос на март лани бележи пораст од 1,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен бележи пораст од 7,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2013 година, во однос на март 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 отсто и Капитални производи за 5,3 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-март 2013 година, во однос на периодот јануари-март 2012 година, бележи пораст од 0,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП