3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо која земја се живее најдолго-топ држави со најздраво население

Во која земја се живее најдолго-топ држави со најздраво население

Кога станува збор за живеење долг живот, Италија е место број еден.

На “висока потпетица” опкружена со пет мориња, Италија е рангирана како најздрава земја во светот според “Bloomberg Global Health Index” од 163 земји.

Бебе родено во Италија се очекува да живее осумдесет години, додека на 4,600 километри јужно, во Сиера Леоне просечното новороденче ќе умре на 52 години.

Иако Италија е една од најразвиените земји, во последната деценија стагнира, 40 отсто од младите се без работа и има еден од најголемите долгови во економијата. Сепак Италијаните се во подобра форма од Американците, Канаѓаните и Британците, кои страдаат од висок крвен притисок и холестерол и имаат послабо ментално здравје.

Храната на Италијаните е богата со зеленчуци и редовно се конзумира екстра ладно цедено маслиново масло. Секогаш имаат достапна свежа храна како овошје, месо, млечни производи.

Секоја земја во индексот е оценета врз основа на животниот век, причините за смрт и здравствени ризици од висок крвен притисок, употреба на тутун, квалитет на храната и достапност до чиста вода.

Исланд, Швајцарија, Сингапур и Австрија го заокружуваат топ пет индексот на најздрави земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП