3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарискиот договор за климата може да го направи светот побогат со 19...

Парискиот договор за климата може да го направи светот побогат со 19 илјади милијарди долари

Запирањето на глобалното затоплување не само што ќе ја задржи нашата планета погодна, но и ќе ја зајакне глобалната економија со 19 илјади милијарди долари, коментира „Bloomberg“.

Сериозните инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност со цел одржување на затоплувањето под 2 Целзиусови степени, како што беше договорено во Париз со договорот за климата, ќе се прошири глобалната економија со околу 0,8% до 2050-та година, изјави Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA) во извештај подготвен за германската влада.

Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел го порача извештајот како подготовка за преговорите за енергетика и климатски услови меѓу економиите во Г20 во следните месеци. Дискусиите почнуваат оваа недела, кога Германија ќе го претстави планот за поддршка на мировен договор пред претставници на работната група за одржлив развој (Sustainability Working Group) на Г20.

„IRENA“ која ја подготви студијата заедно со Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), прогнозира дека 65% од електричната енергија ќе биде генерирана од чиста енергија до 2050-та година, што е за околу 15% повеќе во споредба со 2015-та година. Според организацијата подобрувањето на енергетската ефикасност ќе се удвои. Финтата е дека напорите бараат 145 илјади милијарди инвестиции во нискокарбонска технологија до средината на векот.

Оваа бујна трансформација на енергетскиот сектор ќе ги принуди и компаниите за фосилни горива да го остават јагленот, нафтата и гасот во вредност од 10 илјади милијарди долари под земјата, наведува организацијата со седиште во Абу Даби. Тоа е прилично над прогнозата за 320 милијарди долари, според сценариото на „ИЕА“.

Инвестициите во обновлива енергија, сепак, ќе доведат до многу поголема добивка од самото надоместување на загубите и ќе создадат околу 6 милиони работни места, наведува „IRENA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП