5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија тешко закрепнува од кризата

Германија тешко закрепнува од кризата

germany3

Невработеноста во Германија се зголеми во април втор месец по ред, што значи дека најголемата европска економија тешко закрепнува од кризата од крајот на минатата година.

Бројот на невработени лица, според сезонски прилагодените податоци, се зголеми за 4.000 на 2,94 милиони, соопшти Федералната агенција за работа, додека економистите предвидуваа раст на невработеноста од 2.000 лица, пренесуваат странските медиуми.

Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека германската економија оваа година ќе се зголеми за 0,6 проценти, дури и ако нејзиниот најголем извозен пазар – еврозоната, остане во рецесија.

Довербата на компаниите и потрошувачите во германската економија е намалена во април поради продолжувањето на должничката криза во Европа.

„Несигурноста во еврозоната се враќа и го зема данокот на германскиот пазар за труд“, изјави Дејвид Милекер, главниот економист на компанијата „Унион Инвестмент“, додавајќи дека во некоја блиска иднина нема да дојде до намалување на невработеноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП