3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка издвои околу 57 милијарди долари за Африка

Светска банка издвои околу 57 милијарди долари за Африка

Светска банка соопшти дека ќе издвои околу 57 милијарди долари за инвестиции во наредните три години во потсахарскиот дел на Африка.

Најголем дел од тие средства, 45 милијарди долари, ќе ги издвои Агенцијата за меѓународен развој во рамките на Светска банка, која дава безкаматни кредити за најсиромашните земји.

Останатите средства исто така ќе бидат од Светска банка, но од други нејзини филијали.

Претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким оваа недела ќе ги посети Руанда и Танзанија каде со официјаните претставници ќе разговара за поддршката од меѓународните финансиски организации во тој дел од Африка.

Светска банка е одговорна за обезбедување на финансии и давање на совети за земјите со цел да се зајакне економскиот развој и да се намали сиромаштијата, но и да се зачуваат меѓународните инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП