3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопуларизација на АРМ во средните училишта

Популаризација на АРМ во средните училишта

Министеството за одбрана и Армијата на Република Македонија во понеделник во осум средни училишта во Велес, Прилеп, Центар, Гостивар, Стумица и во Штип ќе го почнат проектот за популаризација на воениот позив за служба во АРМ, кој ќе се реализира до крајот на април во средните училишта низ Македонија.

Училиштата ќе ги посетат претставници на Министерството за одбрана, заедно со професионални војници, подофицери и офицери на АРМ, кои ќе ги информираат средношколците за условите за прием во службата, нивните обврски и за големиот број придобивки од службата во АРМ.

„На интерактивните кратки предавања, средношколците ќе имаат можност да се информираат за сето она што нив ги интересира од областа на професијата војник. Основната цел на проектот е запознавање на младите лица во Македонија со војничката професија, како и зголемување на нивниот интерес за, најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ. Со зголемување на бројот на пријавени лица на овие огласи се одржува и зголемува и квалитетот на изборот на идните припадници на Армијата“, соопштија МО и АРМ.

Проектот ќе се реализира во средните училишта: „Јовче Тесличков“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес; „Ристе Ристески­Ричко“ во Прилеп; „Јосип Броз­Тито“ во Центар; „Гостивар“ во Гостивар; „Јане Сандански“ во Струмица и „Сергеј Михајлов“ и „Коле Нехтенин“ во Штип

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП