5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД губи милијарди поради лажните невработени

САД губи милијарди поради лажните невработени

sad

Властите во Америка трошат милијарди долари со тоа што плаќаат надоместоци за луѓе кои работат, кои повеќе не се живи или се во затвор, покажува студијата на Банката за федерални резерви.

Во студијата која беше објавена овие денови беше откриено дека вкупно 108 милијарди долари надоместоци за невработените се потрошени во 2011-та година, а околу 3.3 милијарди биле исплатени без основа. Притоа најмногу 2.2 милијарди долари биле исплатени на луѓе кои и натаму работат.

„Тоа веројатно е поврзано со лошата економска ситуација, затоа што во такви услови има многу големи проневери како што се овие. Луѓето имаат финансиски проблеми, па мислам дека ќе има уште многу вакви ситуации“, вели професорот Џанг Јуџе.

Според студијата лицата со релативно ниски плати го сочинуваат поголемиот дел од оние кои прават проневери. Меѓутоа поголеми пари се губат на лицата кои заработуваат многу повеќе.

Од вкупно 2.2 милијарди долари кои се потрошени на лажно невработените, скоро половината или околу една милијарда отпаѓаат на работниците кои земаат најмалку 900 долари неделно. Оние кои заработуваат 300 долари неделно добиле околу 210 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП