15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRaiffeisen Bank го зголеми профитот за 22 проценти

Raiffeisen Bank го зголеми профитот за 22 проценти

„Raiffeisen Bank“ во минатата година остварила консолидиран профит од 463 милиони евра, што е раст од 22,2 проценти во споредба со 2015 година.

Профитот пред оданочување е зголемен за 24,6 проценти и изнесува 866 милиони евра, додека нето профитот скокна за 31,9 проценти, на 574 милиони евра, соопштија од таа банка.

Нето приходите од каматата лани опаднале за 11,8 проценти, на 2,935 милиони евра на годишно ниво, а оперативните приходи изнесувале 4,692 милиони евра, што е исто така намалување за 4,8 проценти во однос на претходната година.

Намалени се и општите административни трошоци за 2,3 проценти на ниво од 2.848 милиони евра, додека нето резервирањата за загубите по пласмани, со износ од 753 милиони евра, се намалени за 40,3 проценти.

Стапката на лоши кредити опадна за 2,7 процентни поени на 9,2 проценти во споредба со крајот на 2015 година.

Заработката по акција изнесува 1,58 евра во споредба со 1,30 евра година дена претходно, се наведува во соопштението на „Raiffeisen Bank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП