3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШри Ланка: Производството на чај забележа пад трета година по ред

Шри Ланка: Производството на чај забележа пад трета година по ред

Лошото време и владините забрани за употреба на пестициди минатата година направија пустош на полињата со „цејлонски чај“.

Неодамна објавените службени податоци покажаа дека производството на чај во Шри Ланка опаднало за 11,1 проценти во 2016 година, што е трета последователна година како најважната земјоделска гранска бележи пад.

На оваа лоша вест се надоврза и друга – производството во јануари е помало за 15,3 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Исто така, извозот на популарниот цејлонски чај го допре најнискто ниво во последните четиринаесет години. Во 2016 година вредноста на извезениот чај изнесувала 1,26 милијарди долари, што е за 5,3 проценти помалку отколку во 2015 година.

Најголема заработка од чај оваа островска земја во индискиот океан остварила во 2014 година кога вредноста на извезениот чај изнесувала 1,63 милијарди долари.

Шри Ланка (претходно Цејлон) по Кина, Индија и Кенија е 4-тиот производител на чај во светот. Најголемите пазари за цејлонски чај се Русија, Иран, Ирак и Турција, потоа ОАЕ, Либија, Сирија и Кувајт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП