28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank собра 3 милијарди евра

Deutsche Bank собра 3 милијарди евра

dojche1

Најголемата германска банка „Deutsche Bank“ собра 2,96 милијарди евра свеж капитал преку издавање на 90 милиони нови акции за цена од 32,90 евра.

„Deutsche Bank“ соопшти дека планира издавање на нови акции, со цел да го подобри нивото на капитал и да ги задоволи строгите меѓународни банкарски прописи, пренесува АФП.

Со ова издавање банката ќе го зголеми основниот капитал од 8,8 проценти на 9,5 проценти, бидејќи т.н. правила „Basel III“ бараат банките да го зголемат својот капитал за во иднина да се заштитат од можните шокови во глобалниот финансиски систем.

Акциите на „Deutsche Bank“ по оваа вест се зголемија за седум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП