3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРепубликанците го менуваат предлогот на законот за здравствена заштита пред гласањето во...

Републиканците го менуваат предлогот на законот за здравствена заштита пред гласањето во четврток

Републиканците работат на промените на својата нова програма здравственото осигурување за во неа да вклучат поголеми даночни олеснувања за повозрасните Американци и да го воведат работниот статус како услов за програмата Медикејд за сиромашните, објави во неделата претседателот на американските законодавци, републиканецот Пол Рајан.

Републиканците и натаму планираат во четврток во Претставничкиот дом да гласаат за новиот закон за здравственото осигурување, изјави Пол Рајан. Зборувајќи за телевизиската мрежа Fox News, Рајан додаде како челниците на републиканците работат на измена на законот во оние области со коишто некои од републиканците биле незадоволни.

„Сметаме дека би требало да додадеме уште повеќе помош отколку што сегашниот закон тоа го прави“ за луѓето со ниски примања на возраст меѓу 59 и 64 години рече Рајан во врска со даночните олеснувања за здравственото осигурување кое се предводени во новиот нацрт закон.

Републиканците работат и на промените со коишто на сојузните држави би им се овозможило да примаат исплата од федералните власти за програмата Медиед, открива Рајан. Станува збор за програма за осигурување за оние со ниски примања којашто ја финансираат сојузните држави и федералната влада.

Републиканците и натаму се длабоко поделени околу предлогот за новиот здравствен систем, првиот поголем законски потфат на претседателот Доналд Трамп со кој би се исполнило ветувањето од неговата кампања за повлекување и замена на таканаречениот Обамакер, законот кој го воведе неговиот демократски претходник Барак Обама.

Трамп ги наговара пратениците да гласаат за неговиот закон, а по состанокот во петокот на кој го поддржа условот за работен статус, што значи да се биде вработен или активни да се бара работа, како и фиксен износ пари којашто федералната влада би им ги давала на сојузните држави за Медикејд., доби поддршка од десетина конзервативци, но некои и натаму се воздржани.

Иако Рајан тврди дека се чувствува „многу добро“ поради шансите на овој закон во Претставничкиот дом, водечкиот конзервативен пратеник за програмата „Newsmakers“ откри дека моментално има 40 републиканци кои ќе гласаат против. Иако републиканците имаат мнозинство во овој дом, за да мине предлогот не смее да ги има повеќе од 21 против.

Пратеникот Марк Медоус, од Северна Каролина, челник на тврдата линија на конзервативната парламентарната група House Freedom Caucus тврди дека законот „апсолутно нема“ да мине во сегашната форма. Тој смета дека промените кои се разгледуваат за програмата Медикејд нема да бидат доволни доколку на сојузните држави им е остави можноста за одлука за тоа дали ќе ја бараат вработеноста на осигуреникот.

Дури и доколку законот мине во Претставничкиот дом, го очекуваат големи предизвици во Сенатот.

Сенаторот Том Котон, конзервативен републиканец од сојузната држава Арканзас, кој е критичар на споменатиот предлог, истакнува дека проблемот се состои во тоа што со него нема да се намали надомест за лицата кои се на пазарот на приватните осигурителни куќи. Пратениците треба да го забават и да го решат овој проблем, смета Котон.

„Тоа може да се поправи, меѓутоа ќе биде потребно извонредно многу работа“, истакна Котон во разговорот за телевизијата CNN.

Умерените републиканци, исто така, изразуваат загриженост околу законот, а нивните забелешки често се разликуваат од оние коишто ги искажуваат нивните поконзервативни колеги.

Републиканската сенаторка Сузан Колинс од сојузната држава изјави за телевизијата NBC News дека е загрижена за последиците од предлогот врз повозрасните Американци, како и дека неговата примен би ги префрлила трошоците за Медикејд на сојузните држави. Колинс предупредува дека не треба да се обрати внимание и на здравствената заштита, бидејќи под новиот закон без неа во идната година може да останат 14 милиони, а во следната деценија 24 милиони луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП