4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемата разлика во распределувањето на приходите во ЕУ

Големата разлика во распределувањето на приходите во ЕУ

Разликата помеѓу приходите во ЕУ варира сериозно не само меѓу одделни земји, но и внатре во секоја од нив, покажува статистиката на „Еуростат“. Податоците покажуваат дека во просек во ЕУ 20-те проценти од населението со највисоки приходи добиваат 5,2 пати повеќе од 20-те проценти од оние со најниски примања.

Нееднаквоста во приходите треба да биде внимателно анализирано во обидите за намалување на сиромаштијата, бидејќи распределбата на ресурсите може да има значителен ефект врз продлабочување на проблемот, пишува „Еуростат“.

Податоците на статистичката служба покажуваат дека кон крајот на 2015-та година во Романија која е лидер во ова рангирање, 20-те проценти од оние со највисоки приходи добиваат 8,3 пати повеќе од оние 20 проценти со најниски примања.

Од статистиката се гледа дека земјите со најголеми „ножици“ на приходите се всушност јужните држави и повеќето од новите членови, односно донесени по 2000-та година. Земјите со најмали разлики сепак се Чешка и Словачка, каде што луѓето со високи приходи добиваат околу 3,5 пати повеќе од оние со најниски.

Нерамна распределба на приходите е особено видлива меѓу различните групи во општеството. Одразот е сериозен кај возрасните луѓе (над 65 години). Анализите на причините може да помогнат на пензискиот систем на пример да работи за намалување на сиромаштијата во оваа возрасна група.

Според податоците на „Еуростат“ во 2015-та година во ризик од сиромаштија во ЕУ се 24,8% од населението. Ризикот е повисок во Романија (38,2%), Шпанија (33,8%), како и Грција, Бугарија, Италија, Португалија, Словачка, Хрватска, Литванија и Латвија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП