16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на British Airways создава нискотарифна линија од Европа до САД

Сопственикот на British Airways создава нискотарифна линија од Европа до САД

„IAG“- сопственикот на „British Airways“, ќе почне да нуди по ниска цена интерконтинентални летови од јуни преку новиот бренд „Level“, кој ќе може да оперира со над 30 авиони.

Новата единица првично ќе ги поврзува Барселона со Лос Анџелес и Оукланд во Калифорнија, аргентинската престолнина Буенос Аирес и Пунта Кана во Доминиканската република, а билетите ќе бидат по цена од 99 евра во насока. Подоцна таа ќе додаде и други европски бази и ќе започне со летови за Азија, објави „IAG“ во петокот.

Иако „Level“ ќе започне со два авиони „Airbus А300“, оперирани од делот на „IAG“ – „Iberia“, следната година ќе бидат порачани нови авиони, а Брендот ќе стане посебна компанија, рече главниот извршен директор на компанијата Вили Волш на медиумскиот брифинг.

„IAG“ ги следи потезите на германската „Lufthansa“ и „Air France-KLM Group“ кои ги зголемуваат нискотарифните летови на долги растојанија. Одот на големите европски превозници е во одговор на понудата на „Norwegian Air Shuttle“, која оперира со поевтини трансатлантски летови од 2013-та година и планира да служи пократки интерконтинентални маршрути за 65 долари за човек.

Новата единица се создава во Барселона, за да се искористат врските, обезбедени од буџетската авиокомпанија на кратки растојанија „Vueling“, која е базирана таму. Волш вели дека присуството во сообраќај од не толку големи дестинации е од витално значење за да проработи моделот, а подобрувањето перформансите на шпанската компанијата е исто така важен фактор.

„Level“ ќе има свој имиџ и ќе нуди 293 места во економска класа и 21 во бизнис класа. Најевтините билети ќе овозможуваат еден багаж во кабината, а ќе има и дополнителни трошоци за чекиран багаж, храна и безжична интернет конекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП